НОВА ГОДИНА 2018
ВИЧЕНЦА - ВЕРОНА - ВЕНЕЦИЈА - ПАЛМАНОВА
29.12.2017 – 02.01.2018 
(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА:
1 ден (29.12.2017 -  петок)  СКОПЈЕ - ИТАЛИЈА
Состанок на групата во Скопје и поаѓање за Венеција. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден (30.12.2017 - сабота)  СЛОВЕНИЈА - ПАЛМАНОВА – ВИНЧЕНЦА
Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 часа за шопинг во еден од најголемите outlet-и во Италија – Палмановаwww.palmanovaoutlet.it/en‎. По шопингот се упатуваме кон Виченца и сместување во хотел. Време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и  e 4-ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови.
Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа Базилика Паладиана, голема средновековна градска сала...Театро Оломпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри...Палатата Кјерикати...Вила Валмарана... Плоштадот Кастело...Слободно време за индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата назад до хотел. Ноќевање.

3 ден (31.12.2017 – недела)  ВИНЧЕНЦА – ВЕРОНА  –  ВИНЧЕНЦА ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2018***
Појадок во хотел. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона  - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот. Разгледот започува со Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголете брендови од модната индустрија и се упатуваме кон  плоштадите Ербе и  Данте. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Винченца. Вечерта дочек на Новата година на плоштад во Винченца.  Ноќевање.

4 ден (01.01.2018 -  понеделник)  ВИНЧЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА – СЛОВЕНИЈА
Појадок во хотел. По појадокот Напуштање на хотелот. Трансфер до северниот дел на Венеција преку лагуната. Пешачки разглед со локален водич на градот: Програмата ја започнуваме од северниот дел на Венеција од Пјијацале Рома...Со поминување на првиoт мост  острови и дан (Ponte degli Scalci - камен мост) на Гранд Канале, влегуваме во еден посебен свет, во град  составен од 1000 мостови...каде сообраќајот се одвива по малите канали и по најголемот канал Гранде... Се упатуваме пешачка тура по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири, кон мостот Понте Риалто, Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видете и прекрасната црква Св.Марко  и Кулата. Се упатуваме кон Дуждевата палата, а завршуваме до Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата назад до Пиазале Рома, каде не чека автобусот. Патување назад кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

5 ден (02.01.2018 –вторник) ,   СРБИЈА – СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија  во претпладневните часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 25.11.2017-  139€ ( 8.618ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2017-  149€ ( 9.238ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:     
Превоз со туристички автобус на наведената релација,
Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Винченца на база 2 ноќевања со појадок,
Придружник од агенцијата за време на целото патување,
Организација и реализација на аранжманот на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
Доплата за еднокреветна соба – 75 €
Пешачки разглед на Венеција локален туристички водич и превоз (20 €)-задолжителна факултатива
Пешачки разглед на Верона  (10 €)– минимум 35 патника за реализација
Свечена вечера во ресторан во Виченца (25 €),
Влезници за музеите и културно-историските споменици,

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнит износ на аранжманот
-Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2018 година.
-Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
 
Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 30



Забелешка: За реализација на аранжманот се потребени мимимум 40 патници.
Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ТА СКАУТ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.