НОВА ГОДИНА – ДУБРОВНИК 2018

Будва - Котор - Дубровник
29.12.2017 - 01.01.2018

ПРОГРАМА:
29.12.2017 прв ден - Состанок на групата  на паркингот Холидеј Ин во 23 :30 часот , поаѓање  кон Црна Гора во 00 ч. Ноќно возење преку Косово и Албанија.
30.12.2017 втор ден - Пристигнување во Свети Стефан во утринските часови.Кратка пауза за разглед и кафе. Патувањето продолжува кон Будва.Прошетка и разглед на стариот град,посета на црквите Св.Марија, Св.Иван, плоштадот... Патувањето продолжува кон Котор, крајбрежен град кој е познат по своите пејсажи и средновековна архитектура и е под заштина на УНЕСКО како светско културно наследство, разглед на градот,слободно време... Патувањето продолжува кон Дубровник. Сместување во хотел,вечера. Ноќевање
31.12.2017 трет ден - Појадок. По појадокот разглед на Дубровник со водич, Страдун со Орландовиот столб и Онофриевата чешма, најстарата аптека, Катедралата, палатата Спонза, Барокната Црква Св.Влахо, Катедралата ‘’Вознесениото на Марија’’, кулата Минчета, Тврдината Ловренац. Слободно време за прошетка. Враќање во хотел. Вечера. Подготовки за новогодишната ноќ. Дочек на плоштадот во стариот град со неповторлива забава со Дино Мерлин. Враќање во хотел. Ноќевање.
01.01.2018 четврт ден - Појадок. Напуштање на хотелот и слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија  во 12 часот.

ЦЕНА : 8.990,00 денари


Аранжманот вклучува:
1. Автобуски превоз 2. 2 ноќевања во хотел со 3 * на база на HB (појадок и вечера ) 3. Разглед на Будва, Котор и Дубровик со водич
4. Туристички придружник

Аранжманот не вклучува:
1. Влезници во музеи и културно историски споменици
2. Патничко осигурување  

Напомена: *За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници; *Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање; *Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите; *Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата; *Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;* Уплата исклучиво во денари.

Забелешка: За реализација на аранжманот се потребени мимимум 40 патници.
Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ТА СКАУТ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.