СОФИЈА е главен град и најголем град во Бугарија, со население 1 286 383 лица, што претставува 16,4% од населението на Бугарија. [1] [2] Сместена е во централниот дел на Западна Бугарија, во Софиската котлина, и е опкружена со планини: Витоша на југ, Љулин на запад и Стара Планина на север. Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот "Света Софија", а бидејќи светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија, а исто така се слави и 4 јануари, кога во 1878 година руските војници ослободуваат градот од турско владеење. Софија е прогласена за престолнина на 3 април 1879 година од страна на Уставотворното собрание, како стар бугарски град, оддалечен од турската граница и централно расположен во бугарските земји според тогашното разбирање. Мотото на Софија е ****Градот кој расте, но не старее**** Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно, во весела и дружељубива атмосфера ...

ПРОГРАМА:

30.12.2017 (сабота)
Поаѓање за Софија во 06:00. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Софија. Организиран разглед на градот со локален водич (градскиот плоштад, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата.... Сместување во хотел ШИПКА 3*. Препорачуваме прошетка по најпознатата пешачка улица Витоша која, кој се наоѓа во близина на хотелот. Ноќевање.

31.12.2017 (недела)
Појадок. Организирана посета на The Mall, еден од поголемите модерни трговски центри во Софија. Слободно попладне. Дочек на Нова година на некој од плоштадите во Софија. Ноќевање.         

02.01.2018 (понеделник)
Доцен појадок. По појадокот напуштање на хотелот и организирана посета на PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL. Во 18:00 часот поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТА ДО 30.11.2017 - 4.300,00 (69 €)
Цена по лице - 4.900,00 (79 €)

  Аранжманот вклучува:
1. Превоз со високотуристички автобус
2. Разглед со локален водич
3. 3 дена/2 ноќевања во хотел Шипка 3* на база В/В (ноќевање со појадок)
4. Организирана посета на во PARADISE CENTER, IKEA и RING MАLL
5. Придружник и организација на патувањето

 Аранжманот не вклучува:
1. Патничко осигурување
2. Tуристичка такса 2 евра по лице за престој

Забелешка: За реализација на аранжманот се потребени мимимум 40 патници.
Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ТА СКАУТ,
бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.