БУДВА -  НОВА ГОДИНА 2018

СО СКАУТ НА НАЈГОЛЕМАТА НОВОГОДИШНА БАЛКАНСКА ЗАБАВА ВО БУДВА 
Будва - Котор -Тиват -  Дубровник
29.12.2017-01.01.2018
4 дена / 2 ноќевања

Опис на програмата:
29.12.2017 (петок)- Состанок на групата во Скопје во 22.00 часот на Дрводекор. Поаѓање за Црна Гора. Се патува  преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
30.12.2017 (сабота)- Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување. Во 11.00 часот факултативна посета на Дубровник. Можност за прошетка по Страдун каде може да се видат Кнежевиот двор, статуата на Св. Влахо – заштитник на градот, Дубровачката катедрала, малата и голема Онорфиева фонтана итн. Попладне враќање за Будва. Вечерта предновогодишна забава на плоштад со Бајага и инструктори. Ноќевање.
31.12.2017 (недела) – Ден предвиден за прошетка и уживање во Будва. Или можност за факултативен излет во Тиват-Порто Монтенегро и Котор. Враќање во Будва. ВЕЧЕРТА ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОРАН БРЕГОВИЧ, БЕЛО ДУГМЕ И АЛЕН ИСЛАМОВИЧ. Ноќевање.
01.01.2018 (понеделник) - Одјавување од апартманите во Будва. Слободно претпладне пред поаѓањето за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  вечерните часови.

ЦЕНА 4200 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
  1. Превоз со автобус на наведената релација
  2. 2 ноќевања во апартмани во Будва (апартмани Рио)
  3. Организација и реализација на патувањето
  4. Претставник од агенција за време на целото патување
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  1.  Факултативна посета на Дубровник 15 евра
  2.  Факултативна посета на Тиват - Порто Монтенегро и Котор 5 евра 
  3.  Патничко - здравствено осигурување (околу 130 денари)
  4.  Индивидуални трошоци
Напомена:
* Патувањето може да биде само со лична карта !!! 
* Патниците кои ќе се одлучат за факултативна прошетка до Дубровник задолжително да носат пасош!!!
* Трансфер од Струмица, Радивиш, Штип, Свети Николе, Куманово, Битола, Прилеп, Кавадрци, Неготино (Росоман кај бензинската пумпа), Велес.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Доплата за еднокреветна соба 40%
- Попуст за деца до 12 години -30%

За реализација на ова патување потребен е минимум од 40 патници.
За ова патување важат општите услови за патување на ТА СКАУТ.