Кушадаси е едно од најубавите места на брегот на Егејското Море. Кушадаси нуди можност за незаборавен одмор, тука секој ќе најде нешто за своите желби и потреби, добар одмор, забава...По целодневното уживање на некоја од прекрасните плажи (Ladies Beach, Green Beach, Long Beach) и капење во топлото море, вечерта на располагање Ви стојат безброј кафулиња, ресторани, дискотеки. Добрата локација на Кушадаси овозможува и посета на некој антички локалитет Памукале, Ефес, Дирим...или пак адреналински ден резервиран за посета на aqua park. Што и да одберете сигурно нема да погрешите.

Хотел Ogerim

Хотел  OGERIM ** се наоѓа на само 600 метри од најпознатата плажа Ladies Beach. Хотелот има 25 соби целосно опремени со тоалет, туш,фен и балкон. Во склоп на рецепција има сеф кој што  е на располагање на гостите.

Kористењето на клима е бесплатно во период од 01.07-30.08.2019


Во цената е вклучено 10 дневно хотелско сместување на одбраната база на исхрана 

Автобуски превоз на релација Скопје-Кушадаси-Скопје,

Дете од 0-6 години ГРАТИС (доплата за превоз 60 евра), второ дете до 06 години - 20% попуст

Дете од 06-12 години -20% попуст


Цените се дадени во евра за уплата во денарска противвредност 1 €=62 ден.

 

ЗА КУШАДАСИ СЕ ПОАЃА ЕДЕН ДЕН ПОРАНО ОД ДАТУМОТ ИСТАКНАТ ВО ТАБЕЛАТА.