РОМАНИJА 11 ОКТОМВРИ
Прошетка низ убавиот Букурешт, уживање во импресивните палати во Брашов и Синаја и посета на Јаши, Соборниот Храм Св. Петка и поклонение на моштите на Св.Петка...
3 ноќевања / 5 дена

1 ден 06.10.2017- петок
Состанок на групата на Дрво Декор во 19.00 часот и поаѓање за Романија. Ноќно возење низ Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
  2 ден 07.10.2017- сабота
 Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Во    договорено време разглед на градот со локален водич.   Разгледот започнува од Плоштадот на Револуцијата каде ќе ги посетиме Црква Крецулеску, православен храм кој бил   уништуван во повеќе наврати, веднаш до црквата се наоѓа и спомен-биста посветена на Корнелиу Копосу.  Продолжуваме  низ плоштадот и споменикот на  Меморијалот на преродбата,  спомен во чест на жртвите на  романската револуција од  1989 год. Кралската палата која  денес е Национален Музеј  на уметност, познатата статуа на Кралот Керол и Централната универзитетска библиотека на  Букурешт,  Романскиот атенеум- концертна сала која претставува и обележје на романскиот главен град која е отворена во 1888 година. Продолжуваме по авенијата Calea Victorei една од најстарите и најшармантни улици во Букурешт до стариот дел на градот каде попатно ќе ги видиме Палатата на Националниот воен круг и фонтаната Сариндар, Националниот музеј на Романската историја. Продолжуваме кон стариот град каде ќе ги посетиме Манастирот Ставрополис, Curtea Veche - Стариот Кнежевски суд, палата или живеалиште на Влад III Дракула и Метрополитската црква- Патријаршијата. Слободно време за разглед на најстариот дел од градот. Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот, 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Разгледот на градот овде завршува од каде се упатуваме кон хотел. Сместување во хотел во Букурешт. Слободно време за одмор. Вечерта можност за прошетка на стариот град каде се лоцирани едни од најинтересните дискотеки, барови и клубови. Ноќевање.
3 ден 08.10.2017- недела
Појадок. Одјавување од хотел и заминување за Синаја и замокот Пелеш, еден од најубавите замоци во Европа кој 40 години бил украсуван од голем број градители, уметници и резбари. Ова ремек дело било наречено по неговиот прв крал Керол I, а неговиот прв камен бил поставен во 1875 година. Посета на замокот нуди вистинско уживање во неговата внатрешност затоа што ниту еден агол во него не е празен туку е исполнет со свилени килими, мурано стакло, врежан орев или полиран мермер. По разгледот на замокот слободно време во Синаја. Попладне поаѓаме за Брашов, центар на југоисточна Трансилванија и еден од најубавите градови во Романија. Можност за прошетка низ градот и посета на Црната Црква – романска готска црква која триумфално се крева над стариот дел на градот Брашов. Поаѓање за Предеал. Сместување во хотел. Организирана забава под отворено небо. Ноќевање.
4 ден 09.10.2017-понеделник
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на бајковиотиот замок Расконов, една од најдобро зачуваните цитадели. Средновековна трврдина изградена од тевтонски и витези за заштита од татарска и турска инвазија украсена со холивудски стил со знак "Râşnov". Овде ќе уживаме во прошетката помеѓу цврстите караули, сувенирници со средновековна тематика и занаетчиските дуќани, а секако и на прекрасната гледка од највисоката точка на тврдината. Патувањето го продолжуваме кон Јаши. Престолнина на средновековното кнежество Молдавија, наречен “град на сто цркви“ богат со архитектонски креации, театри, историски градби, ботанички паркови, бетонски конструкции од комунистичка ера, широки плоштади и др. Пристигнување во Јаши, сместување во хотел. Во попладневните часови можност за организиран разглед на Јаши. Турнејата започнува од Копоу Парк со Споменикот на Лавови и Липата Еминеску. Продолжуваме кон Универзитетот, најстариот во Романија каде што ќе ги видиме Собата на изгубените чекори и историската Гранд Сала. На неколку чекори подолу пристигнуваме до антикварницата на Г-дин Думитру Грумазеску – место инспирирано од книжарницата на Шекспир во Париз, доколку имаме среќа домаќинот да биде таму, тој самиот ќе ни ги покаже прекрасните богатства што ги кријат неговите полици. Продолжуваме кон Музејот на Унијата и Гранд Хотел Трајан, отворен од 1882 година и дизајниран од самиот Густаве Ајфел. Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 10.10.2017- вторник
Појадок. По појадокот го посетуваме плоштадот Унири, историскиот центар на поранешниот главен град на провинцијата Молдавија. Го следиме булеварот Штефан Чел Маре, ќе застанеме до Митрополитската православна црква која е изградена помеѓу 1833 и 1839-тата година, дизајнирана од архитектот Александру Ораску и украсена од сликарот Георге Таттареску. Во 1889 година овде биле донесени моштите на Св. Петка Параскева чиј празник се слави на 14 октомври- Петковден. Соборниот храм "Пресвета Богородица, Католичката катедрала, Катедралата “Треи Иерархи“, Националниот тератар “Василе Александри“  и манастирот Голија. Турнеата завршува со посета на Палатата на културата. Слободно време за индивидуални активности. Околу пладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден.

ЦЕНА 9.850,00 ДЕНАРИ ПО ЛИЦЕ

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-  Автобуски превоз на наведената релација со високо-туристички автобус
-  Сместување во хотел со 3* во Букурешт на база ноќевање со појадок
-  Сместување во хотел во Предеал со 3*– на база ноќевање со појадок
-  Сместување во хотел во Јаши со 3* на база ноќевање со појадок
-  Посета на наведените градови според програмата
-  Локален водич во Букурешт
-  Пратител во текот на патувањето
-  Организација на патувањето

       АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-  Доплата за еднокреветна соба (за сите ноќевања 3000 денари)
-  Влезница за Замокот Пелеш – 8 еур
-  Влезница за Замокот Раскнов – 5 еур (влезница + превоз)
-  Влезница за Црната Црква – 2 еур
-  Патничко здравствено осигурување – околу 200 денари
  *цените на влезниците се од информативен карактер и истите може да бидат променети, официјални се цените кои се истакнати при влез во наведените места

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на програмот потребен е минимум од 40 патници!
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А.СКАУТ