Градот Охрид со своите природни убавини, преубавото Охридско Езеро и богатото културно-историско наследство е вистински бисер во Македонија. Вашиот престој во Охрид покрај многубројните плажи, ресторани, кафе барови, дискотеки ќе го збогатат и големиот број на културно-историски знаменитости.

Извидничкиот центар се наоѓа на излезот  од Охрид (на стариот пат кон Струга). Центарот располага со сопствена плажа, кујна и трпезарија, спортски терени, школа за едрење и голема зелена површина. Сместувањето е соби во вилата и бунгалови. Бумгаловите се трокреветни, собите во вилата се двокреветни и четворокреветни. Секоја соба се со ТВ и сопствено купатило.

 

Период :  06.07 – 01.09.2017.

Цена : 1200 денари  - вклучено ноќевање со појадок, ручек  и  вечера по лице дневно.

Деца до 5 години – Гратис.

Деца до 7 години – 50% Попуст.