1.УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Во цената се опфатени само услугитеод програмата.Во случај на промена на курсот на еврото и зголемување на цените,организаторот го задржува правото на зголемување на цените. 
Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето ( на пример,попусти од типот “last minute,, ) не може да се однесуваат на веќе склученидоговори и не може да бидат основ за било каков приговор или рекламација напатникот.

2.РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТА

За важечка резервација се смета самоуплатата на 30 % од вкупната сума на аранжманот. Остатокот се доплаќа најдоцна10 дена пред поаѓање. Телефонските и усните резервации се сметаат за неважечкии невалидни.

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоатреба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставуваоснова за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната ценана аранжманот), според следната скала: 
    -за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 15
    - за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 25
    - за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 35%     
    - за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50% 
    - за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90%
    - ако патникот не се појави или го откаже аранжманот наденот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ нааранжманот, односно 100% 

3.ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИЗАТОРОТ

Организаторот не ја преземаодговорноста за оние штети кои би можеле да настанат со измена на програмата икако последица од виша сила. . Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промении неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнењена превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивнитепрописи и меѓународните конвенции. 
Организаторот го задржува правото да го откаже илиодложи патувањето во случај на недоволен број на патници најдоцна 7 дена предпоаѓањето и истите во целост да ги обештети.

4.ПАТНИ ИСПРАВИ

Секој патник е должен да обезбедивалиден пасош за патување во странство. Организаторот не презема никакваодговорност доколку пасошот е неисправен или го загуби истиот.

5.ИНФОРМАЦИИ

Усните информации на понудениотпропаганден материјал на продажните места не можат да ја обврзат агенцијатаповеќе од понуденото.

6. ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информиракај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописиза патување во одредена држава. Во случај на болест или незгода во текот накористење на аранжманот, трошоците за лекување или евентуални лекарскиинтервенции ги плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да сенаправи полиса за Патничко осигурување преку осигурителна компанија, која можеда се уплати во агенцијата

7. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку патникот не договорил собасо посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба засместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Квалитетот на услугите гостандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услугисе различни по дестинации и не се споредуваат.  Доколку е можно, организаторот ќе сеобиде да одговори на дополнителните барања од патникот ( комфор, ориентација насоба, кат и сл.) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање.Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштање е во 10:00 часот.За време на целиот престој во собите за хигиената се грижат гостите. За ситенаправени штети одговара гостинот.

8. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ

    Превозот со авобусот и автобуските трансфери се извршуваат состандардни туристички автобуси спрема прописите и критериумите кои важат воземјите во кој е регистриран автобускиот превозник кој го ангажираорганизаторот на патувањето.
    По правило, не постои однапред распоред на седишта напатниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот напатувањето со автобус. Исклучок можат да бидат поедини автобуски патувања; и вотаквите случаеви ова патување е регулирано со посебна одредба во самиот програмна патувањето.
    Во случај на доцнење на автобусот поради временскитеуслови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите,расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорностза евентуалните настанати задоцнувања.

9. РЕКЛАМАЦИИ И РЕФУНДАЦИЈА

Сите рекламации и барања за рефундација се примаатнајдоцна 8 дена по завршувањето на патувањето. Патникот е должен да се обратидо продажното место  каде го уплатиларанжманот и да поднесе писмено барање.